Потрагата по нов дом е една од најубавите и најзначајните одлуки кои треба да ги донесете!
Нашата основна дејност во градежништвото е изведба на објекти како станбени и деловни простории што претставува продолжение на семејната традиција која се протега четири генерации наназад. Всушност, искуството кое го имаме во градежништвото е основа на нашата визија да создадеме урбани и функционални станбени и деловни простории со уникатен дизајн.
До денес постојано го подобруваме својот квалитет преку примена на најсовремени алатки и следење на најновите трендови за урбано живеење. Основен белег на Компанија Јакимовски е уникатниот начин на работа кој вклучува искуство, квалитет, одговорност и иновативност на нашиот тим кој ја спојува својата вештина со најквалитетните материјали на пазарот. Инспирација секојдневно црпиме од желбите и потребите на нашите клиенти.
Нашата мисија е континуиран напредок и развој со напорна работа со цел на нашите купувачи да им овозможиме долгорочни придобивки на квалитетно, економично, функционално и модерно домување и да дадеме придонес во унапредувањето и подигнувањето на стандардите за висока градба.

